На 09.04.2024 год. со почеток во 9 часот,  студентките Стојанка Ќупчева и Евгенија Јорданоска од Педагошкиот факултет во Битола, во соработка со МладиХаб организираа работилница на тема „Самодоверба“. Работилницата беше посетена од повеќе студенти од различни насоки. Со оваа интерактивна работилница уште еднаш се стави акцентот на менталното здравје, колку тоа е важно и како треба да се грижиме за него.