На 10.5.2023 г. на Факултетот на Угостителство  и Туризам во Охрид се одржа третиот по ред Отворен ден на УКЛО.

Настанот имаше за цел да го претстави Универзитетот  „Св. Климент Охридски“ – Битола, заедно со своите соработници од јавниот сектор и бизнис секторот пред пошироката јавност, особено пред потенцијалните студенти.

ПФБТ, како и останатите единици на УКЛО, имаше свој штанд со рекламен материјал и свои претставници од академскиот кадар, лектор м-р Елена Шалевска и асистент м-р Марија Стојаноска, чија цел беше на заинтересираните идни студенти да им ги претстават студиските прграми на ПФБТ како и воннаставните активности што се организираат на нашиот факулет.

На настанот, нашата студентка Ева Нешкоска, од студиската програма Македонски јазик и книжевност беше дел од панел дискусија, водена од проректорката за студентски работи на УКЛО, проф. д-р Јасмина Буневска-Талевска, и одговараше на прашања поврзни со нејзината вклученост и ангажман во повеќе воннаставни активности на ПФБТ.

На Ева Нешкоска, исто така, во рамките на УКЛО Отворен ден & беше доделено признанието „Талент на УКЛО“, во врска со што кратко обраќање имаше проф. д-р Силвана Нешковска, која ги образложи причините поради коишто Ева беше идентификувана и номинирана за ова престижно признание на УКЛО.