Новата академска 2023/24 година за бруцошите на Педагошкиот факултет во Битола, започна на 02.10.2023 година со свечениот академски час. Пред полниот амфитеатар, топло добредојде им посакаа проф. д-р Игор Неделковски, ректор на универзитетот ,,Св. Климент Охридски”- Битола и деканката на Педагошкиот факултет-Битола, проф. д-р Данче Сивакова-Нешковски. На свечениот прием беше присутна и министерката за култура на РСМ, д-р Бисера Костадиновска-Стојчевска, професорка на истиот факултет. На најдоброрангираните студенти свечено им беа доделени индекси од продеканката за настава, проф. д-р Виолета Јанушева.

Кадарот и вработените на ПФ во Битола им посакуваат успешни студентски денови на новата генерација на студенти!