• Педагошкиот факултет – Битола како високообразовна институција којашто во своите рамки на работа произведува знаења, а истовремено обезбедува професионално образование и обука за наставници се обиде да придонесе кон дебатата за разбирањето, вреднувањето и управувањето на знаењето во високообразовните институции преку истражувачки проект што го спроведе во јавни и приватни, високоообразовни институции во Преспанско-пелагонискиот регион во Република Северна Македонија. Истражувачкиот проект имаше за цел, теоретски и практично да обработи еден од поголемите проблеми со коишто се соочуваат студентите и вработените (професори/ наставници) во високото образование, а тоа е вреднувањето на знаење. Исто така се обиде да покаже дали различните приоди на вреднување и оценување на знаењето можат да предизвикаат дискриминација помеѓу единките. Проектот е изработен по иницијатива на студентите од Педагошкиот факултет во Битола.

    >> Резултатите од проектот може да ги преземете тука. <<