🎓📚 ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА ГИ ПРЕЗЕНТИРАШЕ СВОИТЕ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ НА САЕМ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА 📚🎓

🗓️ На 25 април 2024 година (четврток), студентите од Педагошкиот факултет од Битола заедно со дел од професорите, се појавија на Саемот за образование и кариера во Младински Центар – Охрид со цел да ги претстават своите студиски програми и можностите што ги нуди факултетот.

🏫 Саемот беше место на кое се сретнаа претставници од различни училишта и факултети, а Педагошкиот факултет од Битола беше еден од нив. Присутни беа и другите средни училишта, секој со свој штанд и свои претставници, што го направи овој саем богат во поглед на образовни можности и идеи.

👩‍🏫👨‍🏫 Студентите од Педагошкиот факултетот не само што го претставија својот факултет, туку исто така имаа можност да го споделат своето искуство како студенти. Преку кратки презентации, тие ги запознаа гимназијалците со студентскиот живот и со активностите што ги изведуваат како студенти.

🔍 Присутните беа воодушевени Програмите на Педагошкиот факултет – Битола

📣 Програми кои беа презентирани на саемот
✔️ Наставник за одделенска настава
– ДИПЛОМИРАН НАСТАВНИК ЗА ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА
✔️ Воспитувач
– ДИПЛОМИРАН ВОСПИТУВАЧ
✔️ Македонски јазик и книжевност
– ДИПЛОМИРАН ПРОФЕСОР ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ
✔️ Англиски јазик и книжевност
– ДИПЛОМИРАН ПРОФЕСОР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ
✔️ Социјална и рехабилитациска педагогија
– ДИПЛОМИРАН СОЦИЈАЛЕН И РЕХАБ. ПЕДАГОГ
✔️ Информатика и техничко образование
– ДИПЛОМИРАН ПРОФЕСОР ПО ИТО

#Образование #Педагогика #Кариера #Гимназија #Саем2024 #Битола