НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Педагошки факултет – Битола го обележуваат Светскиот ден на книгата и авторското право

На 23 Април, По повод Светскиот ден на книгата и авторското право, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Педагошкиот факултет – Битола, со гордост и задоволство ги покануваат студентите, наставниците и професорите на обележувањето на овој значаен ден.

Програмата започнува со обраќање на директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ м-р Бојан Стефановски.

Следи читање на македонската порака и порака од УНЕСКО, кои ќе ги презентираат проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска и проф. д-р Биљана Цветкова Димов.

Исто ќе биде читана поезија од страна на студентите на Педагошкиот факултет – Битола

Светскиот ден на книгата и авторското право е прекрасна прилика за сите нас да ја прославиме силата на писменоста, креативноста и значењето на книгите во нашите животи.

Добредојдени сите! Обележете го денот со нас на 23 Април во 11 часот во просториите Педагошкиот факултет – Битола.