Промотивни активности од страна на вработените во Педагошкиот факултет – Битола се одвиваa и денес, на 25.3.2024 г., во СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ во Битола. Имено, професорките Силвана Нешковска, Даниела Андоновска-Трајковска, Весна Стојаноска, лекторката Елена Шалевска и асистентката Марија Стојаноска беа срдечно пречекани и неколку часа им беа на располагање на учениците, одговарајќи на нивните прашања и делејќи флаери со студиските програми кои ги нуди Педагошкиот факултет. На големо задоволство, учество во промотивните активности на факултетот зедоа и студентките Бесјона Јусуфи и Викторија Босилковска кои ги споделија своите искуства од студирањето на Педагошки факултет – Битола и ги мотивираа учениците да бидат идни студенти на нашиот факултет.