Делегацијата на Европската унија и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, со задоволство го објавуваат Конкурсот за награда за најдобар студентски превод и студентска
резиденција за книжевен превод „Вавилон – Нова генерација“ 2024.

Повикот е упатен до сите универзитетски студенти (не постари од 27 години) кои во моментот на конкурирање се запишани најмалку на трета година студии на кој било од факултетите во земјава. Кандидатите треба да се пријават на конкурсот со превод од некој од 24-те службени јазици на Европската унија, кон кој било од јазиците што се зборуваат во земјата.

Преземи Конкурс (.pdf)