На 14.03.2024 во читалната на Педагошки факултет – Битола, студентите од студиската програма Англиски јазик и книжевност имаа можност да разговараат на тема музика и најпопуларни музичари со ученици од неколку средни училишта од Битола (Гимназија „Јосип Броз – Тито“ Битола, СОЕУ „Јане Сандански“ Битола, ОСМУ „Др. Јован Калаузи“ Битола, СОУ „Таки Даскало“ Битола).

Дискусијата ја модерираше нашиот фулбрајтовец од Америка, Џејкоб Мол, и нашата лекторка и докторандка, м-р Елена Шалевска.

Дискусијата помина во одлична атмосфера, при што пред и по дискусијата нашите гости од средните училишта имаа можност да се запознаат одблиску со нашата институција, студиските програми што ги нуди ПФБТ, особено студиската програма за Англиски јазик и книжевност.