По повод Меѓународниот ден на надарените и талентираните, Министерство за образование и наука, Универзитет Св. Климент Охридски – Битола и Педагошкиот факултет – Битола, организираат Тркалезна маса/Вебинар на тема:
“СЕ МОЖЕ ДА СЕ ОДЛОЖИ САМО ГРИЖАТА ЗА ТАЛЕНТИТЕ НЕ“
УКЛО, партнер во Алијансата на Европскиот универзитет КОЛОРС, на настанот ќе детектира и комуницира најважни теми, предизвици и проблеми за студентите во општеството, кои ќе можат да бидат адресирани од активностите на алијансата во иднина. Сето тоа во соработка со најважните чинители во екосистемот на високото образование.

Настанот ќе се одржи во просториите на Педагошки факултет – Битола, во вторник (12.03.2024) со почеток во 10 часот.
Може да се следи и учествува и онлајн преку следниот линк https://meet.google.com/zrq-vkcq-nga