На ден 29.02.2024 година се пред матурантите во средните училишта во општините Демир Хисар, Кичево и Македонски Брод се одржа промоција на студиските програми на Педагошкиот факултет-Битола. Присутноста на настаните, бројните прашања и плодната дискусија со матурантите покажуваат дека за шесте студиски програми постои огромен интерес и дека голем број од матурантите размислуваат да се запишат на некоја од презентираните студиски програми. Работата со деца како професија веројатно е предизвик за младите да го продолжат своето образование на Педагошкиот факултет- Битола. Им благодариме на гостопримството, соработката и отвореноста на училиштата и нивните раководства што ги отворија вратите за наша презентација. Педагошкиот факултет-Битола останува посветен партнер за соработка во идинина!