Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола
 Педагошки факултет - Битола
  
Денес на 25.03.2021година на Педагошкиот факултет-Битола беше одбележан меѓународниот ден на надареноста и талентираноста кој беше во организација на Министерството за образвание и наука, Општина Битола, Универзитетот Св Климент Охридски- битола, Педагошкиот факултет-Битола и Mакедонската асоцијација за надарени и талентирани. 

Read more: ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА НАДАРЕНОСТА И ТАЛЕНТИРАНОСТА

Универзитетското Студентско Собрание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола организира УКЛО ТРИВИУМ Ораторски натпревар на тема „Ефектот на инфлуенсерите врз обликувањето на општеството“. Право на учество во овој натпревар имаат сите редовни студенти на прв циклус студии од единиците на УКЛО. 

Во рамките на натпреварот, планирани се и две обуки од страна на организаторите кои ќе се одржат на 05.04.2021 година (понеделник), во просториите на Педагошки Факултет – Битола, додека втората обука ќе се оддржи на 10.04.2021 година (сабота), во просториите на УСС (Правен Факултет – Битола,
втор спрат). Учеството на овие две обуки е задолжително за сите пријавени студенти на УКЛО Тривиум.

Повеќе информации тука.

На 12.03. 2021, во просторите на Педагошкиот факултет - Битола, на покана на студентите, а во рамките на одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, гостуваше нашиот познат битолски новинар, господинот Пеце Стефановски.

Разговорот на студентите со г-динот Стефановски претставува едно од серијата интервјуа коишто студентите ги прават со редица реномирани македонски имиња кои имале можност лично да го познаваат нашиот великан Блаже Конески. Проектот е под менторство на универзитетски професори од Педагошкиот факултет-Битола и тоа: проф. д-р Добри Петровски (декан на факултетот), проф. д-р Силвана Нешковска, проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, проф. д-р Златко Жоглев, проф. д-р Виолета Јанушева и др.

Read more: Интервју со новинарот Пеце Стефановски во рамките на проектот „Од студентите на УКЛО за Блаже...

На 05.03.2021, во просторите на Педагошкиот факултет - Битола, на покана на студентите, снимено беше интервју со писателот Радован П. Цветковски по повод чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески.

Ова интервју е прво од серијата интервјуа во организација на студентите од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола со познати јавни личности кои имале професионален или приватен контакт со академик Блаже Конески. Преку овие интервјуа, студентите сакаат поблиску да го запознаат делото и ликот на Блаже Конески, но и да придонесат кон нивно афирмирање во јавноста. 

Read more: Интервју со писателот Радован П. Цветковски во рамките на проектот „Од студентите на УКЛО за Блаже...

Сите колеги кои се пријавија за активностите во рамките на Проектот со Лоја да се зачленат во фб. Групата Лоја за да се договорат околу почетокот на активностите со мене. Благодарам!
проф. д-р Татјана Атанасоска

Image result for webmail icon

 

постер за укло тривиум

 

Iknow icon

 

logo kodeks 

 

120736517 345827970003174 4170912189597739481 n
 

akademski kalendar