Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола
 Педагошки факултет - Битола
  

Почитувани студенти,
Здружението за дислексија АЈНШТАЈН во соработка со Педагошкиот факултет во Битола, со цел зголемување на знаењата на студентите во областа на дискалкулијата, ја има честа да ве покани на бесплатно учество на вебинарот насловен “Дискалкулија: од лабораторија до училница”.
Вебинарот ќе се одржи на 20-ти февруари (сабота) со почеток од 10 часот преку платформата ZOOM.
Повеќе информации овде.

Се информираат сите студенти од Педагошкиот факултет, без оглед во која студиска година се, или на која студиска група и припаѓаат дека од месец Февруари започнуваат активностите во рамките на Проектот организиран во соработка со ЛОЈА од Тетово. Сите заинтересирани студенти можат да се обратат на било кој начин до проф. Татјана Атанасоска и проф. Јасминка Кочоска. Ќе биде организирана заедничка средба на која ќе бидат појаснети динамиката, содржината и самите активности на овој проект. Проектот опфаќа повремени средби со професорките, како и присуство на повеќедневни интерактивни обуки организирани од страна на ЛОЈА на кои учество имаат студенти од сите Педагошки факултети, како и еднонеделен студиски престој надвор од Р. Македонија. Трошоците за сите активности се во целост покриени.

Објавен е КОНКУРС за запишување на кандидати за педагошко-психолошка и методска подготовка (педагошка доквалификација) на Педагошки факултет – Битола. За повеќе повеќе информации кликнете тука.

Почитувани студенти,
Министерството за здравство на Република Македонија, во интерес на здравјето на студентската младина, има предвидено задолжително реализирање на бесплатни систематски општи и стоматолошки прегледи на студенти од I (прва) година на студии. Прегледите се задолжителни и бесплатни за сите студенти од прва година студии. Без извршен систематски и лабораториски преглед нема да можат да се завери семестар.

Повеќе информации тука

Објавен е распоред на часови за летен семестар во академската 2020-2021 година. Семестарот започнува на 15 февруари.

Image result for webmail icon

 

постер за укло тривиум

 

Iknow icon

 

logo kodeks 

 

120736517 345827970003174 4170912189597739481 n
 

akademski kalendar