Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола
 Педагошки факултет - Битола
  

Ред. проф. д-р Деан Илиев и ред. проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, професори на Педагошкиот факултет - Битола се коавтори на значајна научна публикација заедно со уште 15 истражувачи од водечки научни институти и универзитети од вкупно 10 земји (Австрија, Кипар, Финска, Германија, Ирска, Северна Македонија, Индија, Полска, САД, Чешка). Публикацијата е со наслов „Adolescent Well-being and Learning in Times of COVID-19 – A Multi-country Study of Basic Psychological Need Satisfaction, Learning Behavior, and the Mediating Roles of Positive Emotion and Intrinsic Motivation“ , а е објавена во списанието PLoS ONE - списание со импакт фактор во Web of Science (Impact Factor: 2.740 (2019), SCImago Journal Rank (SJR): 0.99 и Impact Score: 3.04 за 2020. DOI: 10.1371/journal.pone.0251352) како резултат на претходно спроведено научно истражување иницирано и раководено од Универзитетот во Виена, Австрија и финансирано од Vienna Science and Technology Fund (WWTF)  и MEGA преку проектот COV20-025. Трудот ги идентификува психолошките карактеристики кои се поврзани со добросостојбата на адолесцентите, односно со позитивната емоционална состојба и внатрешната мотивација за учење, како и карактеристиките на процесот на учење во ситуација на непланирано учење на далечина предизвикано од Ковид-19 пандемијата. Собрани се податоци од 8 земји од Европа, Азија и Северна Америка, меѓу кои и од Македонија, а до трудот може да се пристапи на следниов линк: https://journals.plos.org/plosone/article?id=10.1371/journal.pone.0251352

Image result for webmail icon

 

постер за укло тривиум

 

Iknow icon

 

logo kodeks 

 

120736517 345827970003174 4170912189597739481 n
 

akademski kalendar