Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола
 Педагошки факултет - Битола
  
На 1.6.2021ч. се одржа Тркалезна маса со наслов „Делото на Конески - постојан извор на истражувања во науката за јазикот, литературата и културата“. Тркалезната маса се одржа онлајн и е една од серијата активности кои Педагошкиот факултет од Битола  ги организира и реализира во соработка со Македонското научно друштво од Битола во знак на чествување на 100-годишнината од раѓањето на нашиот македонски великан, академик Блаже Конески.
Свое пленарно обраќање на Тркалезната маса имаше почесниот гостин, професор д-р Димитар Пандев од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на тема „Поетиката на Конески на фонот на филологијата и лингвистиката“.
На Тркалезната маса свои излагања имаа околу 20 учесници - професори, членови на МНД- Битола и почитувачи на делото на Блаже Конески, претставувајќи ги различните аспекти од богатото лингвистичко и литературно наследство на Конески.
Тркалезната маса се одвиваше во две паралелни сесии и заврши со богата и плодна дискусија од страна на учесниците.
 

Image result for webmail icon

 

постер за укло тривиум

 

Iknow icon

 

logo kodeks 

 

120736517 345827970003174 4170912189597739481 n
 

akademski kalendar