Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола
 Педагошки факултет - Битола
  

Чест ни е да Ве информираме и да Ве поканиме на настан – Литературно читање со наслов „Конески“, во организација на Педагошкиот факултет – Битола и Македонското научно друштво од Битола, што ќе се одржи во среда, 12.5.2021 г., во 12.00 часот, во Амфитеатарот на Педагошки факултет – Битола.

Литературното читање е дел од низата активности што Педагошкиот факултет –Битола и Македонското научно друштво од Битола ги организираат за одбележување на100-годишнината од раѓањето на писателот, лингвистот, преведувачот – академик Блаже Конески.

Со организирањето на оваа литературно читање се реализираат две основни начела на Факултетот и на Друштвото: чествување на Конески и афирмација на македонскиот стандарден јазик.

Во литературното читање ќе земат учество професори од Педагошкиот и Правниот факултет од Битола, членови на Македонското научно друштво, како и студенти од Педагошкиот факултет Битола.

Настанот ќе го отворат деканот на Педагошкиот факултет – Битола, проф. д-р Добри Петровски и претседателката на Македонското научно друштво од Битола, проф. д-р Невена Груевска.

Професор д-р Силвана Нешковска ќе ги претстави учесниците во овој настан, односно професорите кои ќе имаат свои кратки излагања за некои од монументалните поетски творби на Конески, и студентите кои ќе ги рецитираат избраните песни.

Имено, професор д-р Златко Жоглев и студентките Ангела Најдовска и Николина Ѓуровска, ќе се претстават со својот осврт и рецитал на одбрани стихови од циклусот песни што Конески ги посветил на Крали Марко.

Професор д-р Гордана Стојаноска, заедно со студентките Ангела Спировска, Наташа Зулумовска  и Јасна Талевска, ќе ги долови ритамот и звуците на „Тешкото“ за нѐ да потсетат кои сме, од каде доаѓаме и кон што треба да се стремиме.

Професор д-р Даниела Андоновска-Трајковска ќе понуди свое толкување на безвременската „Стерна“, а студентките Марија Менчева, Јана Пашовска и Софија Трампеска, со својот рецитал, ќе & дозволат на „Стерната“ да забучи повторно од подземјето, да избие на површината и да се разлее во ширината.

Професор д-р Милена Касапоска-Чадловска, со студентките Димитра Десановска и Дијана Нешковска, ќе ја повика „Везилката“ од која Конески бара совет  за тоа како се ткае стихот на една совршена „проста и строга македонска песна“.

Професор д-р Билјана Граматковски, со студентите Христијан Тунески и Ангела Димитриовска, има задача да потсети на волшебните љубовни стихови на Конески, што имаат моќ да го разнежнат и стоплат сечие срце.

На крај, професор д-р Милена Пејчиновска ќе потсети на аманетот што Блаже Конески ни го остави – „Јазикот е единствената наша татковина. Сè додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште.“

Со почит,

Организаторите на настанот

Image result for webmail icon

 

постер за укло тривиум

 

Iknow icon

 

logo kodeks 

 

120736517 345827970003174 4170912189597739481 n
 

akademski kalendar