Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола
 Педагошки факултет - Битола
  

На ден 01.04.2021 год., студентите од Педагошкиот Факултет во Битола, во рамките на проектот „Од студентите на УКЛО за Блаже Конески“, одржаа едно прекрасно онлајн интервју со професор д-р Вера Стојчевска Антиќ, по потекло од Битола, жена која била најпрвин студентка, а потоа соработничка на Блаже Конески. Интервјуто течеше токму во тој правец, односно, прво гостинката го објазни значењето и делото на Конески за македонскиот јазик, а потоа зборуваше и за нејзината соработка и пријателство со Конески. Професорката Антиќ истакна многу работи со кои прекрасно го опиша Блаже Конески и како професор и како нејзин соработник. Меѓудругото, таа сподели интересни моменти од нејзиниот престој во САД, каде била поканета да го презентира нивото до кое е стигната македонистиката и славистиката воопшто, во различни градови ширум Америка.

Исто така, професорката зборуваше за нејзината соработка со Конески. Таа започнала кога тој бил избран за претседател на Македонскиот славистички комитет, а професорката Вера била избрана за негов секретар. Во склоп на таа соработка ни раскажа и една анегдота низ која ни ја претстави посветеноста на Блаже Конески кон она што го работел дури и ако е во прашање нешто на кое не треба да му се посвети премногу време и внимание. Имено, Конески требало да отвори некоја манифестација која била во организација на МАНУ и да има краток воведен говор од околу 2-3 минути. Конески тој говор го спремал околу 3 часа бидејќи сакал она што ќе го каже да биде вистинското. За професорката тоа било малку необично, но тогаш сфатила за каков професионалец и за колку голем човек станува збор.

Вера Антиќ интервју 1Фасцинантноста со која зборуваше професорката за Блаже Конески беше очигледна и тоа додатно ни опиша како таа самата го доживувала него како човек. Кога ја запрашавме како би го опишала, ни кажа дека го запознала како ученичка, потоа како студентка неизмерно го сакала и го почитувала, ама никогаш немало да & падне на памет дека еден ден заедно со Конески ќе издадат книга. Книгата е насловена „Тиквешки зборник“ и е објавена во 1987 година. Ни кажа дека низ тој процес, Конески, бил максимално посветен и дека премногу & помогнал како во развивање на нејзината кариера, така и во животот и во тоа како да стане подобар човек.
Подготвиле
Христијан Тунески - студент на Македонски јазик и книжевност при ПФБТ- Битола
Искра Талевска – студент на Англиски јазик и книжевност при ПФБТ – Битола

Image result for webmail icon

 

постер за укло тривиум

 

Iknow icon

 

logo kodeks 

 

120736517 345827970003174 4170912189597739481 n
 

akademski kalendar