Д-р ЉУПЧО КЕВЕРСЕКИ ПРОФЕСОР НА ПЕДАГОШКИОТ ФАКУЛТЕТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ ,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ,, ВО БИТОЛА ПРОМОВИРАН ЗА АКАДЕМИК НА СРПСКАТА АКАДЕМИЈА ЗА ОБРЗАОВАНИЕ

На пригодна свеченост на Учителскиот факултет во Белград, проф. д-р Љупчо Кеверески, викендов беше промовиран за Академик на Српската академија за образование, престижна академска титула која се доделува на врвни научни работници од областа на образовните науки. Научната титула Академик на проф. д-р Љупчо Кеверески, во присуство на голем број познати научни работници меѓу кои и Академик проф. д-р Младен Вилотиевиќ, му ја врачи Академик проф. д-р Грозданка Гојков, познат научник со меѓународно реноме од областа на педагогијата.

Инаку, проф. д-р Љупчо Кеверески е редовен професор на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Битола, како и визитинг професор на неколку универзитети во Македонија, Србија и Словенија.
Со овој чин, УКЛО – Битола го подигнува својот академски кредибилитет и значење во државата и на меѓународен научен план.