Проф. д-р Силвана Нешковска, во периодот од 22.04 до 26.04. 2024 г. реализираше CEEPUS мобилност на Универзитетот Медитеран во Подгорица, Црна Гора.

Пред студентите од катедрата за Англиски јазик и книжевност и Катедрата за визуелна уметност и дизајн таа одржа предавања на следниве теми:

  1. Sexist language in public discourse и
  2. Literary translation: Challenges and Solutions.

Во рамките на мобилноста, проф. Нешковска оствари средби со официјални претставници на Универзитет Медитеран од редот на  професорите  и од редот на раководните структури, на кои беше разговарано во насока на воспоставување идна соработка помеѓу двата универзитети.