Студентите од студиската програма Англиски јазик книжевност (втора година) на ПФБТ, во придружба на проф. д-р Силвана Нешковска, на 14.5.2024 г. присуствуваа на литературен настан организиран од СОУ „Таки Дакало“ – Битола, во Офицерски дом.

СОУ „Таки Дакало“  е едно од менторските училишта со кои ПФБТ долги години наназад реализира успешна соработка во рамките на педагошката практика на нашите студенти.

Настанот беше организиран по повод 40-годишнината од основањето на ова средно општинско училиште, но претставуваше и одбележување на 50 години успешна и плодна кариера на македонскиот поет, есеист, литературен критичар, Веле Смилевски.

Во текот на настанот, студентите имаа можност да уживаат во инспиративните излагања на професорките по македонски јазик, Милица Радевска, од СОУ „Таки Даскало“ и Симона Петровска од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, но и во прекрасната интерпретација на стиховите на Смилевски од страна на ученици од СОУ „Таки Дакало“ – Битола.