Еразмус мобилноста на нашата студентка Ивана Настеска што ја помина на Универзитетот во Стара Загора отвори дополнителни можности за неа.

Ивана успешно објави свој труд во 10тото издание на СТУДЕНТСКИ АЛМАНАХ на Педагошкиот факултет во Стара Загора.

Изданието е на следниот линк https://pf-yb.com/wp-content/uploads/2024/04/Almanah-2023-final.pdf

Академското пишување е важен дел од образовниот процес кој им обзезбедува успешно вклучување на студентите во овој процес на комуникација во академската средина, а Еразмус програмата овозможи тоа да биде унапредено и преку меѓународно искуство, што е целта на самата Еразмус програма.

Педагошкиот факултет – Битола останува и понатаму посветен на целта да ги унапредува знаењата и искуствата на студентите преку можностите што програмите за мобилност ги нудат.