Во средното медицинско училиште во Битола беа претставени студиските програми со кои располага Педагошкиот факултет од Битола.
Од страна на професорките Даниела Андоновска-Трајковска, Силвана Нешковска, Весна Стојановска, лекторката Елена Шалевска и асистентката Марија Стојаноска беа поентирани клучните поими кои треба да ги знаат учениците и им беа поделени флаери на матурантите.
Учениците беа запознаени и со звањата со кои ќе се здобијат доколку станат дел од Педагошкиот факултет и со можностите за нивно понатамошно вработување, а беа информирани и за придобивките кои ќе ги имаат благодарение на членството на Универзитетот во КОЛОРС Алијансата.