– Педагошкиот факултет – Битола е активен учесник во проектот ,,Промоција на безбедна училишна средина”, кој има основна цел да ги вгради елементите на безбедна училишна средина во предметните програми на факултетите кои подготвуваат наставнички кадри. – Проектот е поддржан од детската фондација ,,Песталоци”, Швајцарија и е во соработка со Педагошкиот факултет, ДУТ и со Факултетот за образовни науки, Штип. – Првата работилница во рамките на Проектот, со наставниот кадар од факултетите кои подготвуваат идни наставници се одржа на 29 март во Хотел ,,Романтик”, Велешко езеро. – На оваа прва работилница активно учество зедоа, проф. д-р Деан Илиев, проф. д-р Татјана Атанасоска, проф. д-р Марија Ристевска, проф. д-р Јасминка Кочоска, проф. д-р Милена Пејчиновска-Стојковиќ и проф. д-р Јосиф Петровски.