Педагошки факултет – Битола на 20.3.2024 година беше домаќин на прекрасен настан:

промоција на Rotaract Club Bitola SHIROK SOKAK

излагање на доктор Весна Шикловска за женското здравје

промоција на книга со преводи од студентите на ПФБТ „Во книжевниот универзум на Ацо Шопов“

Пораката што #PFBT во соработка со Rotaract Club Bitola SHIROK SOKAK ја испрати до сите присутни студенти, професори, ученици и нивните професори од менторските училишта во Битола и останатите гости беше следнава:

„Бидете активни и корисни општествени чинители, правете добри дела, грижете се за вашето здравје, интелектуално издигнувајте се и облагородуваjте си ја душата преку книжевноста.“