Europe House Bitola во соработка со Македонскиот институт за медиуми на ден 26.02 2024 година, со почеток во 13 часот ја организираше изложбата „Стаклена соба: Погрешни информации и манипулации на интернет“. На иницијатива на проф. д-р Билјана Граматковски, оваа изложба беше претставена во Битола. Таа заедно со студентите од Педагошкиот факултет во Битола, меѓу кои и студентите од насоката СРП, кои минатиот семестар го слушаа предметот Медиумска писменост, имаа можност да слушнат за погрешните информации на интернет, вклучувајќи го и упатството за детоксикација од податоци и одговорна употреба на технологијата. Досега поставката од оваа изложба е видена од повеќе од 30.000 посетители ширум Европа.