Како личност што прифаќа предизвици и секогаш оди до крај, учеството на Еразмус размена на семестар во друга држава на друг Универзитет беше моја цел уште кога се запишав на факултет и дефинитивно мој најголем предизвик. Јас сум Настеска Ивана од Прилеп, студирам на Педагошкиот факултет во Битола на насоката Социјална и рехабилитациска педагогија.

Последните шест месеци ги поминав во Стара Загора, Бугарија како студент на размена и морам да кажам дека се вратив со впечатоци и искуства кои ќе ги паметам цел свој живот. Би сакала да доловам како изгледаше местото каде што живеев, едноставно би го опишала како мало парче рај со прекрасна природа и енергија која го враќа секого во живот. Стара Загора е топол град кој се поврза со мојата аура , па доколку во иднина ми се пружи шанса веднаш би се вратила. Мојот престој беше збогатен со квалитетни предавања, односи и посветеност на кадарот на највисоко ниво и прекрасни денови исполнети со обврски кои ми донесоа само искуства кои ќе ми отворат безброј врати на успехот во иднина.

Посакувам секој студент што има малку авантуристички дух и желба за истражување, испробувањеи согледување на нови нешта кои го тестираат сопствениот карактер да ја искористи шансата иниту во еден момент да не се двоуми. Досега не сум сретнала студент или ученик кој што еднаш бил на Еразмус размена и не ја планира следната.