Во периодот 20-24 ноември 2023 година преку програмата Еразмус + на Педагошкиот факултет – Битола присуствуваа деканката на Педагошкиот факултет од Тракискиот Универзитет во Стара Загора, проф. д-р Тања Борисова, проф. д-р Цвета Делчева и координаторот за +  програмата на Педагошкиот факултет во Стара Загора, госпоѓата Божидара Димитрова Валчева.

За време на мобилноста, професорките остварија средби со проф. д-р Деан Илиев, проф. д-р Даниела Андонова Трајковска и координаторот за Еразмус + програмата на Педагошкиот факултет – Битола, доц. д-р Весна Стојановска на кои се разменија искуства и добри практики за наставно-научната дејност на двете партнерски институциии и се разгледаа можностите за развивање на проекти од заеднички професионален интерес на двете институции.

Ваквите средби на академскиот кадар се значајни за продлабочување на воспоставената индивидуална и институционална соработка.