На 20.11.2023, дел од академскиот кадар на Педагошки факултет – Битола, проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска, вонр. проф. Силвана Нешковска, доцент д-р Весна Стојановска, лектор м-р Елена Шалевска и асистентот за англиски јазик од САД, Џејкоб Мол, ги презентираа студиските програми кои ги нуди ПФБТ – Битола, пред матурантите од СОУ „Таки Даскало“ – Битола.
Им благодариме на домаќините, особено на директорот на училиштето, г-дин Ристо Грујовски, и психологот, Марија Младеновска Димитровска за топлиот пречек, гостопримството и соработката.