На 14.11.2023г. во просториите на Педагошки факултет-Битола студентите од студиската програма Англиски јазик и книжевност имаа можност да разговараат за нивните омилени филмови, филмски жанрови и актери со родени говорители на англискиот јазик, Џакоб Мол од САД и Кирил Гаџовски од Канада. За студентите оваа нова средба беше одлична можност да ја вежбаат вештината зборување на јазикот кој го студираат.