На 9.11.2023г. во просториите на Педагошки факултет-Битола наши студенти од студиската програма Англиски јазик и студиската програма Македонски јазик и книжевност имаа можност да разговараат на различни теми со родени говорители на англискиот јазик, Џакоб Мол од САД и Кирил Гаџовски од Канада. Акцентот на средбата беше ставен на интерсени и забавни начини на кои студентите можат да ги подобрат своите јазични вештини, конкретно вештината пишување и вештината говорење, при користење на англискиот јазик.