Во рамките на проектот за медиумска писменост „Младите размислуваат“ во организација на УСАИД, ИКС и ИРЕКС, на 3 ноември 2023 г., во просториите на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола започна реализацијата на предвидените активности.

Основната цел на проектот е да се надградат и унапредат постојните програми по предметите Медиумска писменост, Медиумска култура во наставата и Лингвостилистика со содржини поврзани со медиумската писменост, со што голем број студенти ќе се запознаат со главните начела на медиумската писменост и ќе стекнат вештини за критичко размислување. Овие содржини, исто така, придонесуваат студентите да соработуваат меѓу себе, да пристапуваат до различни содржини на интернет и критички да ги анализираат и коментираат пред да ги споделуваат. Според тоа, студентите и полесно ќе ги препознаат дезинформациите со кои се соочуваат секојдневно.

Исто така, со проектот е предвидено да се одржат пет работилници во кои ќе се разменуваат искуства и мислења и ќе се анализираат различни содржини кои се однесуваат на медиумската писменост за да се подготви прирачник по медиумска писменост. Овој прирачник ќе се употребува во наставата по наведените предмети, а ќе биде достапен и за пошироката јавност.