Во рамките на проектот “Anchoring of Multicultural Youth Work in the University Curriculum for Future Teachers”, Центарот за Балканска Соработка – Лоја, која соработува со Педагошкиот факултет-Битола, во периодот од 15 до 22 Октомври 2023 год. организираше студиска посета во Виена-Австрија, за студентите кои го имаат следено курсот за Мултикултурно образование и тренинзите за Креативна разработка на конфликти под организација на ЦБС-Лоја. На оваа студиска посета зедоа учество студенти од сите Педагошки факултети во Република Северна Македонија, а од нашиот факултет беа вклучени: Ивана Репац, Бојана Мандровска, Магдалена Трајковска и Ангел Георгиевски.
Во текот на оваа студиска посета студентите имаа можност да посетат две училишта „Janusz Korczak“ и „Grundäckergasse“, Педагошкиот Универзитет на Виена и Универзитетот на Виена и поблиску да се запознаеме со нивниот пристап кон мултикултурализмот. Покрај тоа имавме и доволно слободно време кое го користевме за меѓусебно дружење со колегите од останатите Педагошки факултети од Република Северна Македонија.