Проектот доаѓа како логичен резултат на тоа што во Битола не е обработена темата на менталното здравје на систематски начин, туку само ад-хок и краткорочно. Дополнително на ова и пред Ковид, но особено сега, гледаме огромна потреба да се обезбеди поддршка пред се на нашите млади, но и други ранливи категории на граѓани (самохрани родители и лицата со попреченост) со долгорочен проект за неформално образование насочен кон зачувување на менталното здравје.
Дополнително на ова, врз основа на наоди од последни истражувања (Коалиција СЕГА 2021, МОФ 2021 и Институт за човекови права за врсничко насилство 2022) младите од Пелагонискиот регион се меѓу најнезадоволните од квалитетот на животот. По градови, младите битолчани се најнезадоволни од квалитетот на животот, а по пол момчињата се понезадоволни отколку девојчињата.
Повеќе информации на https://ymca.mk/mk/povik-za-vrsnicki-edukatori/?fbclid=IwAR1oJrjShMlNExfJnbeHQVIWFalCP8gfKiQcD2Z37CBOmgG9gH1W_HTcZz0