Промоцијата на книгата „Во мирисот на дивите костени“ од д-р Фанче Јошевска се одржа на 12.09.2023 година, во 19:30 часот на терасата на хотел Епинал. Книгата е збирка и сведоштво за старите битолски семејства, кои на еден извонреден начин и беа претставени на битолската публика, која дојде во голем број. Проф. д-р Билјана Граматковски, направи преработка и адаптација на сите текстови од делото, при што се јави во улога на модератор, интерпретатор и ментор на студенти. Студентите од Педагошкиот факултет – Битола, Антонио Чонески и Димитар Атанасовски текстовите ги доловија преку нивните естетски обликувани интерпретации. Во позадина, се менуваа автентични фотографии од семејствата, кои му дадоа сопствен визуелен печат на настанот.