На 26.05.2023 година, во Студентско информативниот центар при УКЛО се одржа промоција на преводот на романот „Скршени крилја“ од Милијана Павловска.
Преводот беше изработен од студентите од трета година на насоката Англиски јазик и книжевност: Катерина Лазаревска, Викторија Босилковска, Џенет Рашидовска, Марија Јанковска, Ирена Мицевска и Христијана Алексовска, под менторство на проф. д-р Силвана Нешковска. Преводот на романот од македонски на англиски беше реализиран како дел од испитните обврски на студентите во рамките на предметот Англиските преводи на македонската книжевност.
На промоцијата покрај присутнте професори, студенти и останати гости, присуствуваа ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, проректорката за студентски прашања проф. д-р Јасмина Буневска Талевска, деканката на ПФВТ проф д-р Данче Сивакова Нешковски, претседателката на Македонското научно друштво – Битола, проф. д-р Невена Груевска, како и авторката на романот, Милијана Павловска.
Ваков преведувачки проект со цел доближување на македонската книжевност пред странската читателска публика на ПФБТ беше реализиран и минатата академска година.