На 23.95.2023 година во пресрет на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, во организација на Центарот за литература, култура и ораторство при Педагошки факултет – Битола се одржа трибина со наслов „1160 години од започнувањето на Моравската мисија“.

На трибината проф. д-р Валентина Гулевска имаше улога на воведничар во темата додека д-р Анита Ангелеска и м-р Бисера Бјелиќ-Стојчевска имаа свои излагања и тоа за авторството на Панонските легенди и за значењето на Моравската мисисја.

Студентките од насоката Македонски јазик и книжевност, Димитра Десановска и Стојанка Ќупчева, прочитаа извадоци од Панонските легенди.

На големо задоволство на организаторите на настанот присуствуваа ученици од повеќе основни и средни училишта од Битола заедно со своите ментори, а со своето присуство нѐ почестија и претставник од Општина Битола, м-р Снежана Петровска, како и претседателката на Македонското научно друштво – Битола, д-р Невена Груевска.