Во периодот од 26 – 30 април 2023 год., во рамките на проектот „Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари“ (“Cross border complex floods and forest fires prevention and management“ – SOLVE), беше реализирана посета на противпожарната единица во Анонеј- Лион, Франција (Annonay-Lyon). Во оваа посета активно учество зедоа вкупно 7 професори од единиците на УКЛО, (проф. д-р Јасминка Кочоска и проф. д-р Милена Пејчиновска-Стојковиќ од Педагошкиот факултет – Битола) и претставниците од водечкиот партнер и Канцеларијата на  INTERREG IPA програмата за погранична соработка МК-ГР во Солун. Исто така во посетата учествуваа претставниците од Центарoт за развој на Пелагонискиот регион и командирите на противпожарните единици од Пелагонискиот регион.

Од страна на француските пожарникари беше одржана теоретска и практична презентација во противпожарната станица за потребата и употребата на преносливи флексибилни тенкови и пловечки моторни пумпи и задни пумпи. Исто така беше одржан и курс за организација против шумски пожари (национални процедури и француска доктрина – антиципација – средства за надзор и превентива). Во текот на посетата беа изведени практични демонстрации и презентација за воздух за дишење, самозаштита, безбедност; пропишана презентација на запален тим – тактички оган и преглед на командното место на колоната. На самиот крај практично беше изведено работењето на групата за интервенција при шумски пожари со активирање на командното место и снабдување на интервентната група со водоводна единица и цистерна за шумска одбрана од пожар.