Во рамките на проектот “Втемелување на мултиетничката работа за млади во универзитетскиот курикулум за идни наставници“ на Центарот за балканска соработка LOJA од Тетово, на 22 мај 2023 година беше реализирана мобилност на студентите, која според предлогот на ЛОЈА Центарот се реализираше меѓу студентите од Битолскиот универзитет и Универзитетот во Тетово.

Покрај студентите, во просториите на нашиот факултет беа присутни деканот и неколку професори од Педагошкиот факултет од Тетово, претставниците од ЛОЈА Центарот и еден претставник од невладината организација KURVE Wustrow–  Германија.

Студентите од Педагошкиот факултет–Тетово имаа посета на Педагошкиот факултет–Битола и присуствуваа на предавање кое претставува дел од Курсот за мултикултурно образование. Предавањето беше реализирано од страна на проф. д-р Јасминка Кочоска, а присуствуваа студентите од двата факултети. Мобилноста претставува можност за студентите да научат нешто повеќе, да го посетат нашиот град и неговите културни знаменитости, посета на домаќинот, Педагошкиот факултет во Битола и можност за дружба и продлабочување на пријателствата, стекнати на претходно реализираните тренинзи од страна на ЛОЈА Центарот.