Oраторскиот натпревар УКЛО ТРИВИУМ 2023 ќе се одржи на 17 мај, 2023 г. во кино Манаки од 11 часот. Во пресрет на настанот, денеска на Педагошкиот факултет во Битола се одржа обука со професорката Билјана Граматковски. Таа на практичен и интерактивен начин ги анимираше заинтересираните студенти да ги развиваат вештините на јавно говорење и културата на изразување.
Професорката Билјана Граматковски од Педагошкиот факултет – Битола во континуитет изразува целосна подготвеност да помогне во успешната реализација на овој студентски настан и да ги поттикне студентите од УКЛО за успешен јавен настап. Работилниците се целосно осмислени од професорката Билјана Граматковски чија идеја е да се активира студенсткиот потенцијал на УКЛО за подобрување на вештините на јавно говорење и аргументирано изразување за да се остваруваат поуспешни презентации. Скенирајќи еден дел од студентската стварност, професорката Билјана Граматковски ја отвора вратата за уште една интересна дебата: дали културата на изразување треба да се развива само како индивидуална вештина или треба да биде задолжителен предмет.
Инаку УСС УКЛО како организатор на настанот УКЛО ТРИВИУМ претходно ги извести студентите дека ораторскиот натпревар се одржува на слободна тема.