Денес во Битола се одржа третиот регионален настан во организација на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија. Проектот го спроведува Фондацијата „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Инклузива и Handimak -Disability Services Association во соработка со Министерство за образование и наука.
На овој настан присуствуваа претставници од општини, училишта, невладини организации и медиуми. Во воведното излегување на настанот претставниците од проектот направија презентација на проектните активности во пелагонискиот регион што вклучува училишни грантови и пакети за поддршка за 4 редовни училишта, обуки за градење на капацитети на училишни инклузивни тимови и обучени тутори за работа со стипендистите на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Се разговараше и за придобивките од инвестирање во инклузивно образование и се споделија успешни примери за инклузивни практики.
Свое обраќање имаше г-н Драганчо Саботковски – градоначалник на општина Могила кој напомена дека клучот до успехот за инклузивно образование е комуникација помеѓу сите засегнати страни, односно централната со локалната власт, невладиниот, граѓанскиот сектор и семејствата. “Општина Могила во соработка со проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ опреми сензорно катче во подрачното училиште “Браќа Миладиновци”, село Будаково од кое придобивки имаат сите ученици, а не само учениците со попреченост. За нас како општина е многу важно да направиме стратегија за планирање и инвестиции со цел да изградиме инклузивна општина и затоа се важни настаните од овој тип каде можат да се слушнат искуства и успешни практики.” изјави градоначалникот.
Заедно сме посилни да направиме промени!