Од печат излезе преводот на англиски на романот „Скршени крилја“ од Милијана Павловска, изработен од студентите од трета година на групата Англиски јазик и книжевност на Педагошки факултет – Битола. Студентките Катерина Лазаревска, Викторија Босилковска, Џенет Рашидовска, Марија Јанковска, Ирена Мицевска и Христијана Алексовска оваа преведувачка активност ја реализираа како дел од испитните обврски по предметот Англиските преводи на македонската книжевност. Лектура на преводот направи нивниот предметни наставник, вонр. проф. д-р Силвана Нешковска. Печатењето на книгата се реализираше во печатницата Графопром во Битола. Издавач на преводот е Педагошки факултет – Битола.