Се одобрува дополнителен испитен рок во месец април, во академската 2022/2023 година за студентите на Педагошки факултет – Битола и за кандидатите запишани на Педагошка доквалификација.

Испитниот рок ќе се одржи во деновите 26 и 27 април 2023 година. Пријавувањето на испитите ќе се врши на 18 и 19 април 2023 година прекуi Know системот и потоа со поднесување на хартиени пријави кај професорот, на денот на испитот.

Студентите и кандидатите запишани на Педагошка доквалификација ќе можат да пријавуваат и полагаат заостанати испити. Положените испити во дополнителниот испитен рок нема да бидат земениво предвид за исполнување на услов при запишување на летниот семестар во академската 2022/2023 година.