На ден 21.03.2023 година во Студентскиот информативен центар при УКЛО- Битола, се одржа промоција на првата поетска книга на вонр. проф. д-р Силвана Нешковска, со наслов „Првата половина“. Издавач на книгата е Педагошки факултет – Битола, односно Центарот за литература, уметност, култура, ораторство и јазик при ПФБТ- Битола.

Во улога на рецензенти и промотори на книгата беа проф. д-р Златко Жоглев, проф. д-р Гордана Стојаноска и проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска. Книгата ја лекторираше продеканката за настава на Педагошки факултет, проф. д-р Виолета Јанушева. Модератор на овој настан беше проф. д-р Билјана Граматковски.

Студентките од Педагошки факултет, Димитра Десановска (апсолвент на насоката Македонски јазик и книжевност и Ивана Петровска (студент на постдипломски студии на насоката Англиски јазик и книжевност), и двете поетеси и вљубници во поезијата, интерпретираа избрани песни од збирката за време на промоцијата.