Тимови од професори од Педагошкиот факултет во Битола, во текот на првата половина од месец март, ги посетија сите средни училишта во општина Битола, како и повеќе средни училишта од градовите во регионот, Охрид, Прилеп, Кавадарци и други. Целта на посетите беше презентација на Педагошкиот факултет, кој по традиција, секоја година, привлекува солиден број на студенти, токму од посочените региони. Пред одбрана група на средношколци матуранти, беа презентирани суштински информации за факултетот, кој е образовна и истражувачка институција со долга традиција и искуство во профилирањето на квалитетен наставнички кадар. Презентациите беа пропратени со внимание од страна на учениците, кои, се надеваме ќе станат дел од воспитно-образовниот процес и успешно ќе одговорат на предизвиците на современиот пазар на трудот.