На 07.03. 2023 година во просториите на ОУ„Климент Охридски“– Битола се реализира интегрирана настава на тема Осми март – повод и инспирација за учење, игра, креација.
Појдовна точка на интегрираниот ден беше празникот Осми март, разгледан и проучен од различни гледишта, соединет преку неколку содржини на поучување и учење и организиран преку различни активности на учениците и студентите. Интегрираната настава имаше за цел и да ја истакне заедничката соработка на Педaгошкиот факултет -Битола со ОУ „Климент Охридски“ – Битола како институција која воспитува и образува деца и млади.
Наставното единство во кое беа интегрирани наставните предмети: македонски јазик, математика, општество, ликовно ообразование, музичко образование и физичко образование, претставуваше една нераскинлива целина со холистички и компаративен пристап. Ова заедничко методичко единство на сите претходно наведени наставни предмети, покрај првичната и основна цел воспитно-образовниот карактер во себе го имаше и забавниот карактер, дружењето и празнично одбележување на Осми март, истакнување на важноста на учењето преку игра и мултимедијалност.
Пораката која што се испрати со овој настан е да се истакне важноста и значењето на празникот Осми март, неговото признавање од минатото и начинот на кој истиот се празнува и почитува на нашите простори, да се признае и искористи искуството на децата, студентите, наставниците, да се промовираат модерни и активни пристапи во реализацијата на наставниот процес, да се покаже дека учењето на децата и студентите е практично и ориентирано кон самоучење, и дека поврзаноста на науката, теоријата и практиката се од суштинска важност за ефикасен и ефективен воспитно-образовен процес, како и квалитетен професионален развој на наставничката професија.
Учесници во интегрираниот наставен ден:
Проф. д-р Биљана Цветкова Димов
Дипломиран наставник Даниела Петковска
Студенти од Педагошки факултет – Битола: Благица Наумова, Ева Нешкоска, Магдалена Трајческа, Бојана Мандровска, Мери Китеска, Христина Евтинџиоска, Николина Илиевска, Тони Митрески, Ивона Вурмеска.
Ученици од I 3 одделение.