На 17ти и 18ти ноември 2022 година, делегација од студенти од Фан С. Ноли Универзитетот – Корча предводени од проректорот проф. д-р Арто Адоли и проф д-р Ирена Никај, како и делегација од Универзитетот на Западна Македонија предводени од проф. д-р Антониос Тосуниди, гостуваа на Педагошки факултет – Битола. За време на нивниот дводневен престој во Битола, студентите од трите универзитети остварија две работни средби на кои предложија серија интересни активности и идеи кои би можеле да ги организираат на ниво на студентски организации во блиска иднина. На покана на проректорката за студентски работи при УКЛО, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска, студентите присуствуваа на спортски турнири организирани од Универзитетското студентско собрание во универзитетската спортска сала „Павел Шатев“ по повод меѓународниот ден на студентите, 17ти ноември. Предводени од деканката на Педагошки факултет, проф. д-р Данче Сивакова Нешковски, дел од професорскиот кадар и студентите од Педагошки факултет – Битола, двете делегации посетија повеќе локации во Битола кои се од културно-историско значење за нашиот град, како НУ Завод и Музеј – Битола, Широк Сокак, Саат кулата и Старата чаршија.

Успешната реализација на овој настан кој отвара можности за идна соработка на студентите од трите универзитети, беше потпомогнат од СН Осигурителен Брокер АД Битола и СН Сообраќаен центар, како и Студентскиот дом „Кочо Рацин“ – Битола каде гостите беа сместени за време на нивниот престој во Битола.