Oд 20 до 22 октомври 2022 год. во Корча (Албанија) се одржа шаховски турнир помеѓу повеќе високобразовни институции од регионот. Турнирот беше организиран од страна на Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча, во знак на меѓусебна соработка. Во шаховскиот турнир зедоа учество студенти од Албанија, Македонија, Грција и Косово. Претставници на Универзитетот ,,Свети Климент Охридски“ беа студенти од Педагогошки факултет – Битола. Станува збор за студентите од студиската насока англиски јазик и книжевност од прва и втора година, Бојан Наумовски и Димитар Атанасовски, како и за студентките од студиската насока Македонски јазик и книжевност од трета и четврта година, Благица Наумова и Димитра Десановска. Студентите посетата ја реализираа во придружба на проф. д-р Силвана Нешковска и проф. д-р Елена Китановска Ристоска. Студентите имаа можност да се запознаат со студенти од другите универзитети и исто така добија сертификати за учество на турнирот.