КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ТРЕТ ЦИКЛУС – ДОКТОРСКИ СТУДИИ НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2022/2023 ГОДИНА

Наставата на третиот циклус докторски студии се изведува на македонски јазик, а по исклучок наставата може да се изведува и на некој од светските јазици.
Кога наставата се изведува на некој од светските јазици, македонскиот јазик се изучува како посебен наставен предмет и наставата се изведува на македонски јазик најмалку за уште два наставни предмети од студиската програма.
Одлука за тоа кои наставни предмети од ставот 2 ќе се изведуваат на македонски јазик носи Советот на докторски студии на Единицата на Универзитетот.
Изработката на докторскатата дисертација и јавната одбрана по правило се реализираат на македонски јазик или на барање на кандидатот на еден од светските јазици, за што одлука носи Советот на докторски студии на Единицата на Универзитетот

Documents that Ph.D candidates need to submit upon application