КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2022/2023 ГОДИНА

Наставата на вториот циклус студии на единиците на Универзитетот се изведува на македонски јазик, а за одделни акредитирани студиски програми на странски јазици или за делови од студиски програми во кои учествуваат наставници гости од странство, може да се изведува и на некој од светските јазици.
По исклучок од ставот 1 на овој член, наставата на единиците во состав на Универзитетот може да се изведува на некој од светските јазици.
На Универзитетот наставата за најмалку две студиски програми за втор циклус академски и стручни студии задолжително се изведува и се полага на англиски јазик.
Странските државјани го изработуваат магистерскиот/специјалистичкиот труд и јавно го бранат, по правило на македонски јазик, но можат и на еден од светските јазици, со задолжителен превод на магистерскиот/специјалистичкиот труд на македонски јазик.