Студентот Антонио Чоневски од насоката АЈК, го освои првото место на државниот ораторски натпревар, организиран од страна на Европското движење во РСМ. На овој натпревар учествуваа студенти од сите Универзитети во нашата држава, а Антонио и Педагошкиот факултет во Битола, уште еднаш покажаа дека се најдобри! Честитки до колегата, громогласниот аплауз и овациите, кога го освои првото место на нашиот Универзитет, повторно силно одекнаа!